Три случаи на заболени од ХИВ/СИДА во последните две години во Прилеп

Во последните две години во Прилеп се регистрирани три нови случаи на заболени од ХИВ/СИДА. Сите три случаи се момчиња на возраст од 20 до 29 години. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на прилепскиот Центар за јавно здравје, Гоце Ингилизов.
- Двата случаи се регистрирани во 2014 година, а еден заболен е регистриран годинава, изјави Ингилизов, кој информираше за состојбата со заболени од ХИВ/СИДА и за превенцијата од хепатит Б и Ц.
Заболени од ХИВ/СИДА во Прилеп првпат биле регистрирани во 1987 година. Со овие три случаи, вкупно се регистрирани 11 случаи.
- Досега седуммина од заболените починаа, а еден повозрасен е носител, посочи Ингилизов.
Прилепскиот Центар за јавно здравје од 1 декември почнува иницијатива за подигнување на свеста кај младите и ризичните групи за личната, општествената и фамилијарната важност при заболување од хепатит Б, Ц од ХИВ вирусот и СИДА-та.
- Во наредниот период ќе ги посетиме сите училишта, ќе оствариме контакт со што повеќе млади лица за да ги запознаеме со начините на пренесувањето, со симптомите, начинот на заштита, со ризик факторите и епидемиолошките последици од овие болести. Цел на иницијативата е да се подигне свеста за важноста и предноста од тестирањето за ХИВ вирусот, хепатит Б и Ц, можноста од заразување. Правовременото тестирање ќе овозможи луѓето под ризик да го дознаат својот ХИВ, ХБВ и ХЦВ статус во што порана фаза на инфекцијата, што гарантита подобар исход од лекувањето, рече Ингилизов.
Според него, во Европа околу 10 милиони луѓе се хронично инфицирани со хепатит Б и Ц, но повеќето не го знаат тоа, а секоја секунда се дијагностицира по едно новоинфицирано лице со ХИВ, обично доцна, што значи дека овие луѓе не знаејќи го ширеле вирусот на други.
- Вирусниот хепатит може да се спречи и да се излекува. Иако во моментов не постои лек за ХИВ, раната дијагноза им овозможува на инфицираните пристап до третман кој ќе им го подобри квалитетот на животот, додаде Ингилизов.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
