Tри претстави на МТФ „Скупи Фестивал“
Три претстави гостуваат во Младинскиот културен центар, денеска и претстојниот викенд во рамки на МТФ „Скупи Фестивал“.
Вечер вo 20 часот ќе биде прикажана претставата „Кошурки“ на Компанијата Пангар од Истанбул. Утревечер во 20 часот гостува независниот центар за современа уметност Мит Фактор од Чешка, а в недела ќе биде изведена претставата „Тие влегуваат без да тропнат“ на Театар на денот од Тирана.
Целосната програма на МТФ „Скупи Фестивал“ ја има на официјалната веб страница на фестивалот, www.skupifestival.
Билетите со цена од 150 денари можат да се купат на билетарницата на МКЦ, или да се резервираат на bileti@mkc.mk
За претставата е обезбеден превод на македонски јазик. МТФ „Скупи Фестивал“ е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“
-
ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
-
Макрон: ЕУ може да умре
-
ИДФ синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
ФФМ ги одреди казните за последните инциденти во Првата и Втората македонска лига
-
Состојба на патиштата
-
Мегваер, Рашфорд и Медисон аут од репрезентацијата на Англија