Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
Лебот за многумина е омилена намирница без која не можат да го замислат ниеден оброк. Оваа бомба од јагленохидрати доаѓа во различни форми од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат пофалба. Дознајте што се случува во вашето тело ако од исхраната сосема го исфрлите белиот леб.
Ќе ги загубите килограмите предизвикани од водата
Преполн е со јагленохидрати, а откако нагло ќе ги исфрлите истите од вашата навика, на вашето тело ќе се забележи речиси моментални губењето на килограми. Не станува збор за „инстант“ слабеење туку за губење на вода „врзана“ во телото.
Нема постојано да бидете гладни
Преработените јагленохидрати со кои е преполн лебот во организмот предизвикуваат нагло подигнување на шеќерот во крвта кој потоа многу брзо паѓа. Овие „луди“ промени на мозокот му испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и желба за храна поради која се дебелееме. Но, тоа не значи дека од вашата исхрана морате во потполност да го исфрлите лебот, туку белиот леб да го замените со „хроно“ леб направен од цели житарки кој го регулира шеќерот во крвта.
Ќе ви порасне енегријата
За разлика од интегралниот леб или црниот леб, белиот не содржи влакна кои се заслужни за нормално работење на цревата, а со тоа и ја регулираат пробавата. Белиот леб предизвикува „запек“ и проблеми со варењето на храна. Откако ќе го исфрлите од исхраната белиот леб, а наместо него ќе го протежирате црниот леб, организмот почнува нормално да функционира. Исто така, јагленохидратите се храна и гориво за мозокот. Ако се квалитетни, мозокот ќе работи нормално, но ако храната не е здрава, телото реагира негативно и се појавува чувство на замор.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората