Три пожари на истокот, гореше во кратовско, кумановско и струмичко
Вчера во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаи Гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева. На 19.03.2019 во 08.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.
Истиот ден претходно околу 13.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во близина на караула „Коњарево“, под село Старо Коњарево, струмичко, кој зафатил површина од околу 1,5 хектари нискостеблеста шума и папрат. Во 16.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица-Ново Село.
Претпладнето во 11.30 часот било пријавено дека во село Вакуф, кратовско, маало Портарци, настанал пожар на отворен простор кој зафатил околу еден хектар сува трева, нискостеблеста шума и тополи. Пожарот бил изгаснат околу 12.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Кратово. Увид извршила екипа од Полициската станица Кратово.
Ново на Сител
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка