-->
-->
Три патни правци во Ранковце ќе се асфалтираат со ИПА грант
-->
Три патни правци со вкупна должина од три километри ќе се асфалтират во општина Ранковце со средства во висина од 16 милиони денари, грант од програмата МС ИПА, обезбеден од Светска банка преку Министерството за финансии на РМ.
Градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, рече дека трите патни правци се поединечно со должина од околу еден километар и се наоѓаат во густо населените места во општината.
-Градежните активности на терен се отпочнати. Првиот пат е од главна улица во село Петралица – од пошта кон старо школо и црквите, каде се работи на гребење на постојниот асфалт, проширување и припрема за асфалтирање. Патот ќе биде со ширина од четири метри. Вториот пат е од магистралниот пат А2 кон спортски центар Петралица до село Одрено. Се прошируваат двете страни од мостовите со пропусти од F-1000 профили за прифаќање на надојдените води на Крива Река, бидејќи мостот е изграден одамна од месното население. На овој потег ќе се работи и на осветлување поради фреквентноста. Третиот пат е од ветеринарната станица во Ранковце -Опилско маало, до Крајчинци.На овој потег ќе се асфалтира и левиот крак кон долот во Крајчино маало, изјави Тошевски.
Покрај овие патишта,во општината во тек се и активности за изградба на два нови локални патни правци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип