-->
-->
Три мурали од учениците од ООУ „Ѓорче Петров“
-->
По повод 70 години слободно Ѓорче Петров и 150 години од раѓањето на големиот македонски револуционер, учениците од истоименото училиште во општина Ѓорче Петров изработија три мурали на еден од ѕидовите од фискултурната сала.
Претставени се грбот на училиштето, знамето на Република Македонија и ликот на патронот. Учениците од седмо, осмо и деветто одделение под раководство на наставничката Виолета Ристовска делото го работеа една недела.
- Ова е само мал придонес на нашето училиште по повод двата големи празника за нашата општина, изјави директорот Зоран Бошковски.
Вкупната должина на ова дело изнесува 10 метри, а висината е 2 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица