Три милиони Американци секојдневно носат наполнето оружје
Три милиони Американци, мнозинството млади мажи од југот на САД, секојдневно носат наполнето огнено оружје, покажува студијата објавена во Американскиот дневник за јавно здравје (American Journal of Public Health).
Доколку носењето оружје се мери на месечно ниво, таа бројка достигнува девет милиони, се наведува во првата студија за навиките за оружје на Американците, спроведен после дваесетина години.
САД се земја со најголем број масакри извршени во училиштата, на концерти и на работните места, истакнуваат авторите на студијата.
- Беше важно да се проучи тоа прашање, бидејќи околу 90 отсто од сите убиства и агресии без смртни последици, во случаите кога ќе се идентификува оружјето, е извршено со лично оружје, изјави професорот Али Ровани-Рабар, од Универзитетот во Вашингтон.
- Тоа е прв важен чекор кон проучувањето на последиците од носење оружје, на национална основа, вели тој водач на студијата.
- Студијата дава точна проценка на таковото однесување и поокажува слика на типовите луже кои одбираат да одат, носејќи пиштол, вели Ровани-Рабар.
Податоците се собрани во 2015 година, а опфатени се 1.444 сопственици на оружје, што се смета за репрезентативен примерок на национална база.
- Во споредба со сопствениците на огнено оружје кои не го носат со себе, оние кои тоа го прават се главно млади луѓе, повеќето мажи, живеат на југот на САД, израснале во домови каде имало оружје, политички се декларираат како конзервативци и поседуваат повеќе од едно парче оружје, наведуваат авторите на истражувањето.
Студијата од 2015 година открива дека повеќе од 80 проценти сопственици на огнено оружје кои го носат со себе, поседуваат дозвола за тоа, но не смеат да го носат видно истакнато.
Две третини од испитаниците наведуваат дека секогаш го носат оружјето скриено, а 10 проценти го носат истакнато.
Ново на Сител
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата