-->
-->
Три лица во Прилеп осомничени за насилство
-->

Основното јавно обвинителство од Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои се сомничат дека сториле кривично дело насилство.
Тие на на 19 август во кафе бар во Прилеп без повод и причина физички нападнале 21-годишно момче кое седело во кафе барот. Тепачката продолжила пред кафе барот при што момчето се здобило со тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредите е пренесено на лекување во Скопје.
Приведен е 44-годишен прилепанец, а останатите двајца кои се на возраст од 23 и 18 години, не се достапни на органите на прогонот. По предлог од Основното јавно обвинителство Прилеп, на осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, но за двајцата осомничени кои се во бегство, притворот ќе почне да им се пресметува од денот и часот кога ќе бидат лишени од слобода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
