Три лица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера 15,10 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово.
Како што информираат од полицијата, во несреќата учествувале “Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(56) од с.Копаница-скопско и “Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.И.(31) од Тетово.
-Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото “Фолксваген Голф“ Х.И.(24), А.И.(21) од с Копаница-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош. Друга сопатничка од истото возило Ф.И.(56) од с.Копаница-скопско се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “8 ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
