Три лица повредени откако возило од обезбедувањето на Гаши излетало од патот
Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево излетало на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, соопшти СВР Охрид.
Според информацијата, во 10 часот и 45 минути во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.
- По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, стои во соопштението.
По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години