Три лица од куќен привор испратени во затворот во Шутка
- Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, синоќа ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и за тројца осомничени за насилствата во Собранието на 27 април годинава, за кои беше определен куќен притвор одлучил да го преиначи решението и да ги испрати во Истражниот затвор Скопје, потврдија за МИА од Кривичниот суд.
Кривичниот совет денеска ќе одлучува по жалбите и за другите обвинети за кои Обивинителството бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените во затворот во Шутка кои бараат до одат во домашен притвор.
Вчера беше определен притвор и за три лица кои беа подоцна приведени или сами се пријавиле, а се дел од групата од 36 осомничени за настаните од 27 април во Собранието.
Меѓу осомничените кои обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, се и шестмина пратеници за кои исто така е побаран притвор. За одземање на нивниот имунитет денеска треба да решава Собранието на пленарна седница.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o