Македонија
11. October 2020 - 15:38

Три лица нападнати пред угостителски објект во Тетово

Синоќа во 00.40 часот во СВР Тетово, Б.А.(21), А.Џ.(23) и К.Ф.(26), сите од Тетово, пријавиле дека пред угостителски објект во Тетово биле физички нападнати од Ш.М. и уште неколку лица, кои користеле и тврд предмет, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.