Три години затвор за обвинетата за сообраќајката во која загина 13-годишен велосипедист
М.Л. обвинета за сообраќајната несреќа на „Илинденска“ во 2015 година во која загина 13-годишен велосипедист е осудена на казна затвор од три години.
Пресудата беше објавена денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, кој соопшти дека М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 4 од Кривичниот законик и е осудена на казна затвор во траење од три години“. Судот посочува дека против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.
Сообраќајната несреќа се случи на 18 септември 2015 година на булеварот „Илинденска“ кај Градскиот парк, а во текот на постапката беа изведени шест вештачења.
– Како што беше наведено и при објавата на пресудата, Судот смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто