-->
-->
Три деца на сириски бегалци загинале при пожар во бегалски камп
-->
Три деца на сириски бегалци загинаа, а шестмина се здобиле со изгореници при пожар во бегалски камп во близина на турско-сириската граница, јави Анадолија..
Агенцијата информира дека пожарот избувнал денеска во камп кој се наоѓа во близина на градот Дерик во округот Мардин, во кој се згрижени околу 20.000 бегалци.
Причината за пожарот се уште не е утврдена.
Децата кои загинале биле на возраст меѓу 3 и 8 години. Турските медиуми потсетуваат, дека друго дете загина во камп минатата седмица за време на друг пожар, кој уништил 21 шатори.
Околу 2,7 милиони бегалци од Сирија заминаа во Турција, што ја направи оваа земја со најголем број бегалци во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите