Тргнаа првите автобуси со сириските бунтовници од источниот дел на Алепо
Првиот конвој автобуси што превезува сириски бунтовници појде од источниот дел на Алепо, соопшти руското Министерство за одбрана.
Возилата ќе поминуваат по специјална маршрута преку Алепо, придружувани од претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и по наредба на рускиот претседател Владимир Путин и од руски војници.
Претходно денеска, началникот на генералниот штаб на руските вооружени сили Валериј Герасимов изјави дека денеска се планира од источниот дел на Алепо да бидат изнесени 5.000 бунтовници и членови на нивните семјества.
Претставникот на ОН за хуманитарни прашања за Сирија Јан Егеланд потврди дека руските војници помагаат при евакуацијата.
Егеланд наведе дека бунтовниците од Алепо и нивните семјества ќе бидат сместени во два контролни-пунктови во провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците.
Оттаму ќе можат да отпатуваат за соседна Турција или да останат во земјата.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции