-->
-->
Трета винска регата на Тиквешко Езеро
-->
На Тиквешкото Езеро денеска се одржа третата по ред винска регата. Неколку десетици посетители од земјава и странство беа дел од пловењето со чамци по Езерото. Притоа се дегустираше квалитетно вино, а гостите имаа можност да ги видат и природните богатства со кои располага околината.
- Целта е на одреден начин да го промовираме Тиквешкото Езеро, неговата околина, културните и историските богатства и наследства во непосредна близина, рече Јован Еленов, претседател на кавадаречкото здружение "Винотек", кое се занимава со промоција на производите од грозје и винскиот туризам.
Во рамките на регатата, меѓу другото, гостите имаа можност да ги набљудуваат и ретките птици грабливки, кои можат да се сретнат на Тиквешко Езеро
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем