Трет случај на коронавирус во Косово
Во Косово денеска е потврден нов случај на заразен од коронавирусот, така што бројката на лица носители на смртоносниот вирус се зголеми на три, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата на вонредна прес-конференција ја објави министерот за здравство на Косово Арбен Витиа, наведувајќи дека новооткриениот случај е член на семејството на 77-годишниот маж, кој вчера беше дијагностификуван со Ковид-19.
Освен кај мажот, кој е косовски државјанин и е жител на селото Стубла, во близина на Витина, кој неодамна престојувал во Италија, заразата вчера беше потврдена и кај 20-годишна италијанска државјанка, која работела во меѓународна организација во градот Клина.
Витиа денеска изјави дека Владата ги презема сите потребни мерки за државата да остане колку е можно помалку погодена од епидемијата со светски размери.
Директорот на Националниот институт за јавно здравство Насер Рамадани информира дека само во текот на вчерашниот ден на Инфективната клиника во Приштина се испитани 45 лица сомнителни како носители на коронавирусот, додека вкупната бројка, без денешните испитаници, изнесува над 140 лица.
Косовската Влада синоќа одлучи времено да ги стави во карантин Клина и Витина, односно ја забрани посетата и напуштањето на двата града во кои престојувале првите случаи со коронавирус.
За попладнево е најавено објавување на резултатите од испитувањето на уште 90 лица за кои постои сомневање дека се можни носители на вирусот. Станува збор главно за лица кои биле во контакт со првите кај кои е потврдена заразата, а меѓу нив, според медиумите, има и јавни личности.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата