Македонија
5. November 2016 - 17:24

Трет месец гимназијалците од Тетово следат настава во општинската зграда

Гимназијалците од македонските паралелки започнаа трет месец како настава одржуваат во салата на општина Тетово а претходни и на градксиопт плоштад. Се уште се чека да се доврши реконструкцијата на објектите на старото медицинско училиште каде треба во иднина гимназијалците да продолжат со учебната година.

Засега само едниот од двата објекти се реконструира. Од Советот на родители очекуваат општината да ја исполни земената обврска и да ја обнови и втората зграда.

Гимназијалците новата учебна година ја почнаа со протести барајќи да им се овозможи настава да следат во централниот објект наместо како досега во простории на други установи. Во преговорите со општината договорено беше се додека не се доградат училниви во рамки на гимназијата како привремено решение настава да се одржува во реновирани училниви на старо медицинско.