Трет ден по ред повеќе излекувани одошто заболени од Ковид-19 во Косово

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени 17 нови случаи на лица кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на тие кои ја пребродиле болеста се зголеми на 249.
Во Приштина, ова е трет ден по ред како во земјата има поголем број на излекувани одошто заболени од новиот коронавирус, со оглед дека од вчера извршените 225 тестирања, како новозаразени резултираа девет лица.
Вкупната бројка на заразени во Косово од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 799. Четворица од новите заболени се од општина Призрен, тројца од Малишево и по еден од Сува Река и Ораховац.
Според соопштението на ИШПК, во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија досега се тестирани примероците на вкупно 7.180 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус.
Вчера, како и во вторникот, во Косово не е евидентирана ниедна нова жртва на Ковид-19, така што вкупната бројка на починати од заразата останува 22.
Ново на Сител
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
-

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
