-->
-->
Трет „Битола Шекспир фестивал“ од 22-ри до 28 јули
-->

Народниот театар-Битола од 22-ри до 28 јули по трет пат ќе биде домаќин и организатор на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“, проект поддржан од Министерството за култура и општина Битола.
Годинава на фестивалот во Битола ќе учествуваат: Народно позориште од Сомбор, Србија, со претставата „Многу врева за ништо“, театарот „Лит Мун“ од Санта Барбара, САД, ќе настапи со „Хамлет“, Драмски театар од Габрово, Бугарија, ќе ја изведе „Ромео и Јулија“, актерот Ги Сонен од Холандија ќе го изведе перформансот „Сонет за сонет 116“, а ќе гостуваат и два македонски театра - Турски театар-Скопје со претставата „Сон на летната ноќ“ и Народен театар-Битола со премиерна изведба на „Антоние и Клеопатра“ во режија на гостинот од САД, Џон Блондел, со која задутре ќе почне фестивалот.
- Освен големата и квалитетна понуда, годинава фестивалот ќе биде во знакот на работилница посветена на иднината на овој фестивал. Имено, во соработка со интернационалните театарски институти од Скопје и Загреб и под водство на шекспирологот од Канада Рандал Мартин, ќе се реализира театарска работилница за создавање нов драмски текст инспириран од сонетите на Шекспир. Таа претстава, следната година, битолскиот театар во соработка со театарската компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара премиерно ќе ја изведат во Македонија и САД, истакна Благој Мицевски, в.д. директор на Битолскиот театар.
На прес-конференцијата во Битола денеска беше истакнато дека поддршката на Министерството за култура и општина Битола овозможија поставување на фестивалот на цврсти основи и отворени врати на актерите и други театарски работници од државата и странство.
- Третото издание на „Битола Шекспир фестивал“ ја потврдува првичната идеја за новата театарска форма што се реализира во Битола и која претставуваше инспирација во Србија и Бугарија да се востановат фестивали посветени на Шекспировите дела. Соработката со овој фестивал е одлична и ќе продолжи со исто темпо, посочи битолскиот градоначалник Владимир Талески.
За реализација на третиот „Битола Шекспир фестивал“, Министерството за култура издвои два милиони денари а општина Битола овозможи целосна логистичка поддршка. Фестивалот во Битола наскоро ќе се вмрежи со други театарски центри во Европа кои го негуваат делото на Вилијам Шекспир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
