-->
-->
Треневски: Добро е што приходите растат, но рано е да се зборува за заживување на економијата
-->
Рано е да се зборува за заживување на економијата и покрај растот на приходите во јули. За експертите, добро е што минатиот месец, за прв пат од стартот на корона кризата е забележан раст на приходите во буџетот, но неизвесноста продолжува посебно затоа што собраните пари се и натаму помалку од лани, а дупката во буџетот расте.„Треба да имаме предвид дека се уште имаме околу 9,5 до 10% пад на приходите, а во јули растот на расходите изнесува над 11%. Значи дупката е прилично сигнификантна, а јавниот долг веќе надмина 59%. Значи, добар сигнал е дека падот е помал односно дека имаме благо зглемување на определени даночни приходи. Но, бројот на заболени од Ковид и натаму расте, се зборува за втор бран, така што неизвесноста продолжува“, вели за Сител универзитетскиот професор, Борче Треневски.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
