Loading Video...
Фудбал
10. јуни 2020 - 15:18

Тренерот на Стоук позитивен на Ковид-19

 
Пријателскиот натпревар што требаше да го одиграат Манчестер Јунајтед и Стоук е откажан во последен момент. 
 
Причината е тренерот на Стоук Сити Мајкл О'Нил, кој е позитивен на Корона вирусот, потврдија од клубот. 
 
Екипата на Стоук во понеделникот пристигна во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, каде денеска требаше да одиграат пријателски натпревар, како дел од подготовките за продолжувањето на сезоната во Англија. 
 
Но, според протоколот и тестовите направени над сите учесници, потврдено е дека тренерот О'Нил е позитивен, по што веднаш е испратен во изолација.
 
Така тимот на Стоук Сити кој го очекува грчевита борба за опстанок во Чемпионшип лигата, што треба да продолжи на 20 јуни, ќе ја предводи досегашниот помошник Били Мекинли.