Тренчевска: Се уште чекаме информации од ЈО за случајот со детето од Струмица
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска информира дека ќе се знае дали и како ќе се постапува за случајот со детето кое со тешки повреди било донесено во Детската клиника во Скопје, откако ќе ги добијаат информациите од ЈО во Струмица.
Тренчевска на денешната промоција на програмата за детска гаранција по примерот на ЕУ, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека другите деца од ова семејство веќе се во згрижувачко семејство.
– Колегите од Центарот за социјална работа во Струмица посветено работат. Веќе другите три дечиња од семејството се во згрижувачко семејство, значи се на сигурно место каде што ќе им биде понудена атмосфера слична на нашите семејни атмосфери, се згрижени, се работи со нив преку стручните служби во Центарот за социјална работа. Верувам дека детето со мајката коишто се на Детската клиника ќе бидат во добра состојба, по излегувањето од болницата на детето ќе се работи на јакнење на капацитетите на мајката и доколку надлежните центри утврдат дека мајката ги има зајакнато капацитетите децата сигурно ќе бидат вратени со обезбедување на пристојни услови за да можат понатаму да продолжат со секојдневието, изјави министерката.
На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести било донесено четиригодишно женско дете, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат