Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува весникот „Њујорк пост“.
– Го направивме тоа затоа што не сакаме Иран да дојде до нуклеарно оружје. Тоа само покажува колку се лоши (Иранците) – изјави Трамп.
Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ) претходно соопшти дека двајца американски војници загинале во петокот за време на одбраната од напад со ирански балистички ракети и со беспилотни летала. Уште еден војник и натаму се води како исчезнат, а четири повредени лица, кои претходно беа хоспитализирани, по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
На прашањето од новинарите дали лично ќе стапи во контакт со семејствата на загинатите, Трамп одговори потврдно, нагласувајќи дека секогаш го прави тоа.
Тој претходно за телевизијата „Њузнејшн“ (NewsNation) изјави дека воопшто не му е важно тоа што Техеран соопштил дека привремено го суспендира Меморандумот за разбирање меѓу двете земји, додавајќи дека американските војници загинале служејќи ѝ на сопствената држава. Воедно, Трамп целосно ги отфрли критиките од одредени конгресмени од Демократската партија, кои директно го обвинија за ескалацијата на судирот и за смртта на војниците.
„Дали некогаш сте се запрашале колку луѓе загинаа во Виетнам? Или колку загинаа во Авганистан во само еден ден, под водство на ’поспаниот‘ Џо Бајден?“, изјави американскиот претседател во одговор на обвинувањата.
МИА
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
