-->
-->
Трамп: За време на мандатот загубив помеѓу 3 и 5 милијарди долари
-->

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата функција го чини цело богатство, јави Ен-Би-Си. Според него, откако е претседател загубил меѓу три и пет милијарди долари.
– Тоа што сум претседател на САД веројатно ме чини меѓу три и пет милијарди долари, рече Трамп.
Тој потенцира дека дел од таа сума се трошела на адвокати бидејќи секој ден некој поднесувал тужба против него.
Според телевизискиот канал, тие тврдења не можат да бидат проверени затоа што претседателот не поднел даночна пријава.
Трамп е првиот претседател на САД кој одбил да поднесе свои даночни пријави.
Сепак, според рангирањето на магазинот „Форбс “, вкупната вредност на неговиоте активи е околу 3,1 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
