-->
-->
Трамп за истрагата и импичментот: Тоа е лов на вештерки
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на демократите во Претставничкиот дом да покренат формална истрага за него, што може да доведе до негово отповикување, нагласувајќи дека станува збор за „лов на вештерки“.
„Таков важен ден во Обединетите нации, толку многу работа и толку многу успех, а демократите намерно мораа да ги уништат и понижат сите со ударни вести. Ловат вештерки “, напиша Трамп на Твитер.
Тоа, додаде тој, е лошо за Америка.
Тој исто така рече дека иницијаторите на петицијата не го виделе транскриптот на неговиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ќе го објави денеска.

Свиркач од разузнавањето открил дека Трамп разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски кон средината на летото, барајќи од него да се компромитираат информациите за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година.
Додека нема докази за наводна корупција од страна на Бајден или неговиот син, кој бил во бордот на украинската енергетска компанија „Буризма холдингс“, разговорот на Трамп може да биде злоупотреба на претседателската моќ, јави Си-Ен-Ен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
-

Шефот на иранската дипломатија пристигна во Русија
-

РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
-

Утрово најладно во Берово, најтопло во Гевгелија
