Трамп: Време е Хамас да го прифати мировниот план за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати мировниот план за иднината на Газа, кој тој го усогласи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Не сме сосема готови. Треба да го убедиме и Хамас, но мислам дека тие ќе успеат да го сторат тоа. Затоа е време Хамас да ги прифати условите на планот, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Тој ги повика и Палестинците да ја преземат одговорноста за својата судбина и да извршат притисок за прифаќање на мировниот договор, кој според него ќе донесе трајна безбедност за Израел.
-Многу Палестинци сакаат да живеат во мир. Ги повикувам да ја преземат одговорноста за својата иднина, бидејќи токму тоа им го нудиме, истакна Трамп.
Нетанјаху порача дека Израел го прифаќа планот, оценувајќи дека со него се постигнуваат воените цели – враќање на сите израелски заложници, уништување на воените капацитети на Хамас, крај на неговото политичко управување и гаранција дека Газа никогаш повеќе нема да биде закана за Израел.
Лидерите на опозицијата во Израел, Бени Ганц и Јаир Лапид, исто така, изразија поддршка за планот. Една од неговите клучни точки е разоружување на Хамас.
Но, претставникот на Хамас, Махмуд Мардави, изјави дека движењето не го добило мировниот план на Трамп. Според извори на западни медиуми, катарскиот премиер и шефот на египетското разузнавање им предале список со 20 точки, кои преговарачите на Хамас рекле дека ќе ги разгледаат и ќе дадат одговор.
Белата куќа претходно објави дека планот предвидува крај на војната и ослободување на сите заложници во рок од 72 часа од прифаќањето на договорот од страна на Израел. Доколку и двете страни се согласат, „војната ќе заврши веднаш“, стои во документот.
Израелските сили ќе се повлечат на договорени линии за подготовка на ослободувањето на заложниците. Потоа Израел ќе ослободи 250 Палестинци осудени на доживотен затвор, како и 1.700 жители на Газа уапсени по 7 октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
