Трамп вети дека ќе ги направи САД поголеми од кога и да е
Новоизбраниот американски претседател, кој денеска ќе положи заклетва на функцијата, на митинг концерт во Вашингтон вчера изјави дека ќе ги направи САД „поголеми од кога и да е“, јави ДПА.
- Се што направивме дотука е мошне специјално. Во моментов насекаде во светот се зборува за тоа, рече Трамп во обраќање пред Меморијалниот центар на претседателот Линколн.
Трамп се означи себе си како „едноставен пратеник“ на движење, кое сака промени во САД.
- Ви ветувам, земјата ќе се промени, рече Трамп.
Трамп вчера пристигна во Вашингтон, при што со својата придружба веднаш се упати кон својот хотел „Трамп интернешнл“ во близина на Белата куќа, каде ручаше цсо некои од официјалните лица, кои ќе учествуваат во церемонија за стапување на должност, а исто така и со конгресмени од Републиканската партија, идни членови на неговиот кабинет и високи службеници, кои ќе работат во негоивот тим.
На првиот јавен настан во врска со заземањето на новата функција Трамп и заменик претседателот Мајкл Пенс заминаа на Националните гробишта во Арлингтон, каде положија венец на американскиот Споменик на незнајниот јунак.
Во Мемораијалниот центар на Линколн вчера имаше концерт на кој учествуваа кантри изведувачите Тоби Кит, актерот Џон Војт, рок групата „Триј дорс даун“ и други. По обраќањето на Трамп имаше огномети.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат