Трамп вечерва во Конгресот ќе говори за состојбата на нацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Конгресот ќе го одржи своето традиционално обраќање за состојбата на нацијата во чувствителен момент од неговото претседателствување, обележан со намалување на рејтингот, растечката загриженост поради потенцијалниот конфликт со Иран и високите трошоци за живот, објави британската агенција „Ројтерс“.
Говорот во ударниот термин вечерва во 21 часот по вашингтонско време ќе биде втор на Трамп откога се врати на власт во јануари 2025 година.
Тој говор му нуди на Трамп можност да ги убеди гласачите да ги задржат републиканците на власт, кои ги контролираат двата дома на Конгресот со тесно мнозинство, и тоа пред изборите закажани за крајот на годината на половина од мандатот на американскиот претседател.
Говорот на Трамп доаѓа во услови на спротивставени политички интереси на домашно и меѓународно ниво, со значителни превирања во последните денови. Меѓу нив се одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на таканаречените реципрочни царински мерки, кои се во центарот на реформата на Трамп на трговската политика на Вашингтон, како и податоците што покажуваат дека американската економија доживеала поголемо забавување во четвртиот квартал, а инфлацијата се забрзала.
Дополнително, операциите на Министерството за внатрешна безбедност се практично во застој поради спор меѓу републиканците и демократите во Конгресот во врска со агресивната антиимиграциска стратегија на администрацијата на Трамп по двете спорни фатални пукотници во Минеаполис, во кои биле вклучени агенти на федералната Служба за имиграција и царина (ICE). Трамп исто така се бори да го надмине скандалот за објавувањето на милиони документи на Министерството за правда поврзани со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин со кого поранешниот магнат за недвижности некогаш одржувал пријателство.
Иако отворено се залагал за Нобелова награда за мир, фалејќи се со своите мировни способности и формирајќи свој Комитет за мир, шефот на Белата куќа сè уште се чини дека се приближува кон воен конфликт со Иран заканувајќи му се на Техеран со напад ако не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма.
Американскиот претседател, кој одлучи да распореди дополнителни воени бродови на Блискиот Исток, разгледува неколку опции за Иран, вклучително и промена на режимот, според претставници на американската администрација.
Можно е Трамп да го искористи своето обраќање пред Конгресот јавно да се заложи за воена интервенција во Иран.
Двајца неименувани претставници на Белата куќа изјавија дека Трамп вечерва ќе се фали со разните мировни договори за кои тврди дека посредувал, дури и кога војната во Украина, за која американскиот претседател претходно рече дека може да заврши за само 24 часа, влегува во својата петта година.
МИА
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
