Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД му забраниле на Израел понатамошно бомбардирање на Либан, користејќи некарактеристично суров тон кон долгогодишниот сојузник на САД.
„Израел нема повторно да го бомбардира Либан. СЕГА ИМ Е ЗАБРАНЕТО. Што е премногу, премногу е!!!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Тој изјави дека секој договор што САД ќе го постигнат со Иран „во никој случај“ не се однесува на Либан, но дека САД ќе се справат со ситуацијата со Хезболах на соодветен начин.
Американскиот претседател додаде дека САД ќе земат нуклеарен материјал од Иран.
„Ниту едни пари нема да го менуваат сопственикот, во никаква форма или под никакви услови“.
Најавите на Трамп дојдоа откако шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, објави дека Ормуската Теснина е „ целосно отворена“ до крајот на двонеделниот прекин на огнот.
Трамп, исто така, објави дека САД ги отстрануваат мините од преминот со Иран.
Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави дека најмалку 2.294 лица се убиени, а 7.544 се ранети од почетокот на израелските напади на 2 март. Додаде дека бројот на жртвите нема да биде конечен сè додека не се заврши отстранувањето на урнатините, извлекувањето на телата и идентификацијата со ДНК.
Министерството изјави дека меѓу загинатите има сто болничари и здравствени работници, а дека една четвртина од загинатите се жени, деца и медицински персонал.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
