Loading Video...
Свет
13. јуни 2018 - 23:39

Трамп твитна – Северна Кореја повеќе не е нуклеарна закана

Американскиот претседател ТРамп на состанокот со неговиот севеноркејски колега Ким џонг Ун се согласил на постепена денуклеаризација на Корејскиот Полуостров се вели во официјалното соопштение на Пјонгјан објавено по  вчерашните разговори во Сингапур. Во соопштението се додава и  дека разговорите поминале многу добро и дека лидерите се договориле идните средби  да ги одржуваат во нивните земји.  Од Вашингтон се огласи и амирканскиот претседастел. Во Твитер пораката ТРамп  напиша дека состанокот со Ким бил за него интересно  и позитивно искуство  и дека Северна Кореја повеќе не е нуклеарна закана.