Трамп со критики до обвинителите кои бараат висока казна затвор за неговиот пријател Стоун

Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на американските обвинители да побараат до девет години затвор за Роџер Стоун, поранешен советник на претседателот во изборната кампања од 2016 година.
Стоун се товари за кривични дела поврзани со изборите во САД.
– Ужасна и не фер ситуација. Вистинскииот криминал е кај другата страна, но со нив ништо не се случува. Нема да дозволам да се случи такво погазување на правдата, напиша денеска Трамп на Твитер.
Стоун се занимавал со политички лобирања и махинации во интерес на Републиканската партија уште од 1960-те. Лани во ноември тој беше прогласен за виновен по сите седум точки од обвинението, вкклучувајќи лажно сведочење пред Конгресот за неговите напори да добие инфомации за електронски пораки на демократите, украдени од хакери, а со цел да се компромитира ривалот на Трамп, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Обвинителство, врз основа на федерални директиви, бара седум до девет години затворска казна за 67 годишниот Стоун, и тоа, како што наведуваат „е сооодветно на сериозноста на неговите незаконски дела“.
Адвокатите пак повикуваат судот да пресуди условна казна, со оглед на неговата возраст и отсусто на минат кривичен прогон. Пресудата треба да биде изречена неделава.
Сеуште не се знае дали Трамп ќе го помилува Стоун, откако лани во декември не исклучи таква можност а обвинителите ги нарече „валкани цајкани“ и „лоши луѓе“.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
