Трамп со критика за Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес

Поради израелскиот напад во Доха, американскиот претседател Доналд Трамп изрази дека се чувствува „многу лошо“, потенцирајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на САД.
„Сакам СИТЕ заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да послужи како можност за МИР“, напиша Трамп.
Тој додаде дека исто така разговарал со емирот и премиерот на Катар и им се заблагодарил за нивната „поддршка и пријателство“ кон САД. „Ги уверив дека нешто вакво нема да се случи повторно на нивна почва“, рече тој и додаде дека му наложил на американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, да го финализира „Договорот за соработка во одбраната“ со Катар.
Трамп истакна дека одлуката за напад врз лидерите на Хамас во Доха не ја донел тој, туку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Бомбардирањето на суверена држава и близок американски сојузник, кој храбро презема ризици обидувајќи се да посредува за мир, не придонесува за целите на Израел или Америка“, рече тој. Сепак, додаде дека „елиминацијата на Хамас, кој профитира од несреќата на народот во Газа, е достојна цел“.
Тој исто така рече дека веднаш откако дознал за израелскиот план за напад, му наредил на специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да го извести Катар, но било доцна да се спречи нападот.
На социјалната мрежа Truth, Трамп објави дека американската војска ја информирала неговата администрација за израелскиот напад.
Ново на Сител
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
