Трамп смета дека носењето маски е личен избор
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека одлуката за носење заштитна маска, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, е личен избор на секој поединец, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.
– Негова одлука е да носи маска. Личен избор на секој поединец е дали ќе носи маска или не, рече Макенани на барањето да ја коментира новата наредба за носење заштитни маски во Џексонвил, Флорида, каде ќе се одржи дел од конвенцијата на републиканците за номинација на оваа партија за претседател на САД.
Макенани рече дека Трамп ги охрабрува луѓето да донесат каква било одлука што е најдобра за нивната безбедност.
– Но, тој ми рече дека нема проблем со носење маски, рече Макенани и им порача на граѓаните да го направат она што од нив го бараат надлежните на локално ниво.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека Трамп треба да издаде наредба за задолжително носење заштитни маски во јавност и го повика тој да биде пример за другите, со тоа што ќе носи маска.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар