Трамп: Се радувам на средба со Ким
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун сака повторно да се сретне со него заради започнување нуклеарни разговори, откако ќе завршат заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.
Трамп на Твитер изнесе повеќе детали од „преубавото“ писмо на три страни што Ким му го испрати завчера.
Трамп, кој е на одмор во неговиот голф-клуб во Њу Џерси, вели дека Ким се пожалил на „смешните и скапи воени вежби“, кои Пјонгјанг ги гледа како закана.
Американскиот претседател вели дека Ким се извинил за неодамнешните ракетни тестови и го уверил дека тестовите ќе бидат стопирани кога ќе завршат вежбите.
– Се радувам што ќе го видам Ким во не толку далечна иднина, напиша Трамп на Твитер.
Северна Кореја вчера испука две балистички ракети со краток дострел, што е петто тестирање во последните три недели.
Ново на Сител
-
Малолетничка физички нападната од страна на вработено лице пред училиште
-
Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород
-
Поевтинуваат горивата
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом
-
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија