Трамп: САД веќе се во трговска војна со Кина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа изјави дека Америка е во трговска војна со Кина.
Запрашан за заканата од трговска војна со Кина тој децидено кажа „веќе сме во трговска војна“.
Трамп во петокот објави воведување дополнителни царини од 100 отсто за увоз од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека Кина испратила „екстремно непријателско писмо до светот“ и вовела „масовни контроли на извозот на речиси секој производ што го произведуваат“.
Трамп предупреди дека новите царини ќе стапат на сила на 1 ноември и објави дека САД ќе воведат и контроли на извозот на својот клучен софтвер за Кина.
„ Врз основа на фактот дека Кина ја зазеде оваа невидена позиција и зборувајќи само во име на САД, а не и за други слично загрозени нации, почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од понатамошните дејствија или промени преземени од Кина), САД ќе воведат 100 отсто царина за Кина, покрај сите царини што моментално ги плаќа“, напиша Трамп.
„Невозможно е да се поверува дека Кина би презела таква акција, но тие го сторија тоа, а останатото е историја“, додаде тој.
Претходно, Трамп го нападна кинескиот лидер Си Џинпинг на социјалните медиуми поради зголемените напори на Кина да воведе контрола на извозот на клучните ретки минерали. Тој се закани со економски контрамерки и рече дека повеќе не гледа причина да се сретне со Си за време на планираната посета на регионот подоцна овој месец.
Трамп, исто така, се закани со економски санкции против Кина.
„Во зависност од тоа што Кина ќе каже за непријателската ’одлука’ што штотуку ја донесоа, ќе бидам принуден, како претседател на САД, финансиски да возвратам на нивниот потег“.
„За секој елемент што успеаја да го монополизираат, ние имаме два“, додаде тој.
Во очекување на заканата од Трамп, Пекинг ги зајакна широките ограничувања за извоз на ретки минерали и го прошири списокот на минерали под контрола. Тој, исто така, воведе ограничувања поврзани со нивните технологии за производство и нивната употреба во странство, вклучително и за воени и полупроводнички цели. Овој потег беше насочен кон сериозна ранливост во САД – онаа што поттикна значителни напори од страна на администрацијата на Трамп во последните месеци за идентификување и брзо зголемување на рударскиот и производствениот капацитет.
Според неколку претставници на администрацијата, потегот веднаш предизвика тревога во администрацијата на Трамп.
Потегот дојде додека Пекинг се обидуваше да го зголеми своето влијание во трговските разговори со САД и пред очекуваната средба меѓу Си и Трамп на маргините на самитот на АПЕК во Јужна Кореја подоцна овој месец.
Некои претставници на администрацијата го сметаа ова за јасен обид на Си да обезбеди преговарачка предност пред планираната средба лице в лице со Трамп, додека други посочија на мерките за контрола на извозот на САД што можеа да предизвикаат кинески одговор.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
