Трамп прогласи состојба на природна катастрофа на Флорида

По барање на гувернерот на Флорида, Рик Скот, американскиот претседател Доналд Трамп одобри да се прогласи состојба на природна катастрофа на Флорида и наложи федерална помош за земјата што е погодена од ураганот Ирма.
Прогласувањето состојба на природна катастрофа значи дека граѓаните и бизнисмените на САД можат да се пријават за донација на средства, времени живеалишта, поправка на домовите и заеми со ниски каматни стапки, со цел да се покрие штетата на неосигураните имоти на граѓаните на Флорида, како и останатите програми.
Трамп оценува дека САД „имале малку среќа“ откако ураганот Ирма го смени првичниот курс и се упати кон запад долж брегот на Флорида.
- Лошите вести се дека ова е некое големо чудовиште, нагласи Трамп.
Тој додаде дека ќе требаат огромни средства за да се поправат штетите.
- Во моментов сме загрижени за животите на луѓето, а не за трошоците, потенцираше Трамп.
Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ураганот Ирма ослабнал на бура од втора категорија, со што технички го изгуби статусот на голем ураган.
Ново на Сител
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
