-->
-->
Трамп продолжува со собири на отворено, со зголемена безбедност
-->
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека ќе продолжи да се појавува на собири на отворено, со зголемена заштита од Тајната служба, две недели откако беше ранет за време на обид за атентат врз него.
– Никој не треба да ја спречува или блокира слободата на изразување или собирање, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа „Truth Social“, додавајќи дека Тајната служба се согласила значително да ја зголеми безбедноста.
Трамп беше застрелан во уво на 13 јули за време на митинг во државата Пенсилванија.
Во тој напад загина еден гледач, а двајца беа тешко ранети, додека напаѓачот, 20-годишниот Томас Метју Крукс, беше убиен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз