Трамп привремено ја прекинува воената помош за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел.
Ја прекинуваме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“, рече изворот.
Истата изјава беше цитирана од сите други медиуми кои ја пренесоа информацијата, вклучително и украинската агенција Укринформ, која се повикува на Блумберг.
Кабинетот на Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар. Фокс њуз цитираше друг американски функционер кој нагласи дека ова е пауза, а не трајно запирање на помошта.
Трамп вчера повторно рече дека Зеленски треба да биде поблагодарен за американската поддршка, откако претходно луто реагираше на написот на Асошиејтед прес во кој Зеленски беше цитиран како вели дека крајот на војната е „многу, многу далеку“.
„Ова е најлошата изјава што можеше да ја даде Зеленски, а Америка нема да ја толерира уште долго!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Ново на Сител
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб