-->
-->
Трамп: Престанав да пијам лекови против Ковид-19
-->
– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека престанал да пие лекови против новиот коронавирус.
– Сега веќе не пијам никакви лекови, изјави Трамп за „Фокс њуз“. Се очекува Трамп денеска да им се обрати на своите приврзаници од терасата на Белата куќа, а в понеделник закажа митинг во Флорида. Претходно беше соопштено дека втората дебата помеѓу Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата.
Виртуелна дебата беше предложена поради тоа што Трамп е инфициран со Ковид-19. Тоа значи дека третата дебата во Нешвил,што треба да се одржи на 22октомври најверојатно ќе биде последно соочување на двајцата кандидати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
