Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД. Трамп тоа го зијави за новинарите во Air Force One и додаде дека ќе објави реципрочни тарифи утре или в среда, што ќе стапат на сила речиси веднаш и ќе значи дека САД ќе воведат увозни давачки за производи во случаи кога друга земја воведе царини за американски стоки.
За време на неговиот прв мандат, Трамп воведе царини од 25% за челик и 10% за алуминиум, но подоцна додели бесцарински квоти на неколку трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Мексико, ЕУ и Велика Британија.
Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти САД постигнуваат напредок во преговорите со Русија за војната во Украина, но одби да даде детали за неговиот неодамнешен разговор со рускиот претседател, додавајќи дека очекува нови разговори.
Трамп, исто така, рече дека е целосно посветен на неговиот предлог САД да ја купат и поседуваат Газа, но дека е можно да се дадат делови од територијата на други земји на Блискиот Исток за да помогнат во напорите за обнова.
Тој исто така изјави дека САД имаат помал долг отколку што се мислеше и се запраша дали може да има измама поврзана со исплатата на долгот.
Според американското Министерство за финансии, кое игра централна улога во глобалниот финансиски систем, САД во моментов имаат неподмирен национален долг од 36,2 трилиони долари.
Трамп изрази сомневање за иднината на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и рече дека ќе му дозволи на Стејт департментот да управува со преостанатите финансии, сугерирајќи дека дел од персоналот на агенцијата може да оди таму.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб