Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се проширува пристапот до дизел што не се одданочува.
Трамп ја потпиша уредбата за време на митинг во Небраска, истакнувајќи дека со него ќе се укине условот за употреба исклучиво за теренски возила и ќе им се овозможи на сите да купуваат таканаречен црвен дизел без да плаќаат данок.
Црвениот дизел, или дизел за теренски возила, е гориво означено со црвена боја кое има преференцијален даночен третман.
Трамп призна дека не знае за кое гориво станува збор: „Не знам што е, но што и да е, треба да биде навистина добро“, се пошегува тој пред публиката.
Цените на бензинот достигнаа рекордни максимуми поради војната против Иран, вршејќи притисок врз Републиканската партија само неколку недели пред среднорочните избори.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
