Свет
3. March 2025 - 9:41

Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти - да не завршиме како Европа

Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти, нарко босовите и убијците - да не завршиме како Европа

Доналд Трамп даде кратка изјава на својата мрежа Truth Social по одржувањето на самитот во Лондон.

„Треба помалку да се грижиме за Путин, а повеќе за бандите силувачи меѓу мигрантите, нарко босовите, убијците и луѓето од психијатриските институции кои влегуваат во нашата земја – за да не завршиме како Европа!“

Европските лидери се состанаа на клучен самит во Лондон по расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа.