Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
Целта на администрацијата на Доналд Трамп е постигнување прекин на огнот во Украина до крајот на овој месец, но ако рускиот лидер Владимир Путин не се согласи на примирје до тогаш, САД се подготвени да воведат нови санкции против Москва – јави денеска „Аксиос“.
Новите санкции можат да бидат воведени со извршна уредба или со закон од Конгресот.
Специјалниот пратеник Стив Виткоф треба да му го пренесе ултиматумот на Путин на нивната нивната денешна средба. Државниот секретар Марко Рубио порача дека САД нема да чекаат со „месеци“, туку само неколку недели.
Иако во изминатиот период имаше повеќе директни средби меѓу американски и руски претставници, не се постигна конкретен договор.
Од Белата куќа веќе сметаат дека првичната цел – прекин на огнот до Велигден – е неостварлива, и се стравува дека нема да се постигне мировен договор ни во наредните месеци.
Извори за „Фокс њуз“ велат дека Трамп е исфрустриран од Путин и размислува за санкции против руската „флота во сенка“ и наметнување високи царини за купувачи на руската нафта. Во меѓувреме, Кремљ задржува тврди позиции и бара целосна контрола над четири украински области, а можно е и ново територијално проширување за постигнување понатамошен преговарачки маневар.
Ново на Сител
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес