Трамп: Немам ништо со Русија и не го познавам Путин
Републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, денеска изјави дека „нема ништо со Русија“ и дека никогаш не го запознал Владимир Путин, откако демократите ја обвинија Москва дека се обидела да му помогне на репубикнаскиот кандидат да победи на претседателските избори во САД во ноември.
- Немам ништо со Русија. Реков дека рускиот лидер Владимир Путин има подобри квалитети како претседател од американскиот Барак Обама, но кој тоа се уште не го знае, нагласи Трамп.
„Кажа една убава работа за мене, но не сум го запознал лично“, наведе Трамп.
Тој истакна дека кон рускиот лидер ќе се однесува цврсто.
- Ќе се однесувам кон него цврсто, но не постои ништо друго на што можам да помислам, освен дека сакам добар однос со Русија, со цел заедно да можеме да се спротиставиме на ИД. Зарем тоа не би било добро, запраша Трамп.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК