Трамп: Нема да ја затвориме земјата ако не погоди втор бран на вирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја затворат земјата доколку бидат погодени со втор бран на вирусот Ковид-19.
– Ќе се обидеме да го изгаснеме пожарот, без разлика дали станува збор за пожар или за пламен, но нема да ја затвориме земјата, рече Трамп за време на посетата на фабриката на „Форд“ во Мичиген, пренесе Си-Би-Ес.
Трамп претходно изјави дека епидемијата сè уште може да тлее на некои места, но дека вирусот ќе исчезне во текот на летото.
Сепак, според медицинските експерти, вклучително и оние од администрацијата на Трамп, ширењето на коронавирусот најверојатно ќе продолжи и во текот на есента и зимата, а борбата ќе стане уште потешка кога ќе започне сезоната на грип.
Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести и член на кризниот штаб на Белата куќа за коронавирусот, Ентони Фалучи за „Вашингтон пост“ изјави дека нема сомнеж дека ќе има нов бран на епидемијата.
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
