-->
-->
Трамп не сака промена на режимот во Иран
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Самитот на Г-7 изјави дека воопшто не сака промена на режимот во Иран.
Тој додаде дека не бил изненаден што Франција го покани шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф на маргините на Самитот на седумте најразвиени земји, додавајќи оти не сакал лично да се сретне со него, бидејќи е прерано за таква средба.
Односите помеѓу Вашингтон и Техеран се тензични откако Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, со кој се ограничуваше производството на осиромашен ураниум.
Ситуацијата дополнително ескалира по соборувањето на американски дрон и заплените и нападите врз танкерите во Ормутски Теснец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
