-->
-->
Трамп нареди, а потоа го откажа нападот врз Иран
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”.Трамп, како што наведува неименувано официјално лице запознато со ситуацијата, првично одобри неколку воздушни напади врз радарите и ракетните системи.
Било планирано воздушните напади да се спроведат рано утрово, со цел ризикот за населението да биде најнизок.
Официјалниот претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека авионите биле во воздух, а бродовите биле на позиции, кога пристигнала наредбата за повлекување од нападот.
Нападот на САД би бил одговор на соборувањето на набљудувачкиот дрон вреден 130 милиони долари.
„Њујорк тајмс“ додава дека засега не е јасно дали нападот врз Иран, на крајот, сепак ќе биде извршен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
