Трамп на средба со претседателот Нието, пред неговиот говор во Аризона за имиграцијата

Републиканскиот кандидат на американските претседателски избори, Доналд Трамп, денеска ќе отпатува за Мексико каде ќе се сретне со претседателот Енрико Пења Нието и тоа на само неколку часа пред неговиот говор посветен на имиграцијата во Аризона.
Неочекуваната посета на Трамп на Мексико се реализира во време кога дебатата за неговата имиграциска политика го достигнува својот пик, наведуваат француските медиуми.
„Го прифатив повикот на претседателот на Мексико Енрико Пења Нието и се радувам на нашиот состанок“, објави Трамп на Твитер.
Посетата ја потврди и канцеларијата на мексиканскиот претседател, која додаде дека повик е упатен и до демократскиот кандидат Хилари Клинтон.
Од штабот на Хилари Клинтон, меѓутоа, се уште не одговориле на поканата.
Очекувањата се дека Трамп во говорот во Аризона конечно ќе го разјасни својот став за прашањето на миграцијата, пренесе „Гласот на Америка“.
Во текот на изминатите денови Трамп изнесуваше различни пораки за тоа дали и натаму се залага за масовна депортација на 11 милиони илегални имигранти, за која се залагаше во текот на изборната трка за претседателска номинација
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
