Свет
2. February 2017 - 17:40

Трамп на Молитвениот појадок: Светот е во проблеми, но ќе ги средиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот национален молитвен појадок во Вашингтон изјави дека „светот е во проблеми“.

- Светот е во проблеми, но ние тоа ќе го средиме, ок? Јас тоа го работам, ги поправам работите, нагласи Трамп.

На појадокот тој додаде дека неговата држава „буквално ја искористува секоја нација во светот“.

- Тоа веќе нема да се случува, изјави Трамп.

Во Вашингтон денеска се одржува Молитвениот појадок, прв од како Трамп е американски претседател.

Молитвениот појадок се одржува секој прв четврток во февруари, повеќе од шест децении. На Молитвениот појадок учествуваат и членови на Конгресот, претставници на американската администрација и официјални претставници од цел свет.